Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ - Прилеп, е јавна општинска установа од областа на социјалната заштита, со основна дејност обезбедување на институционално сместување, исхрана, помош и нега, здравствена заштита, психо-социјална поддршка, културно-забавни активности, работно-рекреативни активности, услуги од социјална заштита.
Почетоците на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“-Прилеп датираат од далечната 1956 година. На денешната локација функционира од 1977 година.
ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“-Прилеп се најдува во централното градско подрачје, во населено место со развиена инфраструктура и собраќајни врски. До установата има непречен пристап за пешаци и возила и специјална рампа за олеснат пристап на корисниците. Влезот во просториите и пристапот до станбените единици и сите заеднички простории е без архитектонски бариери.
Вкупната површина со која располага Домот изнесува 10.628 м2 од која површина под објект 4.038 м2, а земјиштето околу објектот е со површина од 7.550 м2 кое земјиште се користи како двор и за економија која го зазема поголемиот дел. Домот располага со 154 легла кои се распоредени во 3 еднокреветни соби, 20 двокреветни соби, и 37 трокреветни соби. Собите се распоредени на два ката, приземје и прв спрат.
Домот за стари лица поседува современа кујна, перална, сала за физикална терапија, соба за дневен престој сѐ со цел на старите лица сместени во домот да му се обезбеди удобен престој и домашна атмосфера.
Покрај основната дејност Домот во текот на годината обезбедува прифаќање и времено сместување на возрасни и стари лица, кои заради разни околности се нашле надвор од местото на живеење, без средства за живот или се без постојано место на живеење, се до нивното враќање во сопственото семејство или сместување во друга соодветна установа за социјална заштита.